Бобан Таневски го освои Тенискиот турнир

Објавено на: 28.07.2015 - 11:34

Тенискиот турнир што Општина Илинден го организираше во соработка со Тениската федерација на Македонија, а во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2015“, го освои Бобан Таневски. Тој во финалето во два сета го совлада Милош Милутиновиќ.

На тенискиот турнир што се одржа на тениските терени во нас. Илинден, учествуваа 32 тенисери, а љубителите на тенисот имаа можност да видат вистина интересни мечеви кои изобилуваа со извонредни потези кои на моменти заличуваа на оние на врвните тенисери.

Пригодни награди и пехари на најдобрите им додели претседателот на Советот на Општина Илинден, Марјан Милошевски.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013