Пуштена во употреба новата детска градинка во Миладиновци

Објавено на: 05.12.2020 - 18:22

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ја пуштија во употреба новоизградената детска градинка во населено место Миладиновци, која е клон на ЈОУДГ „Гоце Делчев”.

Вкупната инвестиција за реализација на овој капитален проект којшто општина Илинден го реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика изнесува 33 милиони денари, од кои од буџетот на општина Илинден се обезбедени 27 милиони денари за фазите: архитектура, изградба на новиот објект и обезбедување на комплетна инфраструктура, хортикултурно и партерно уредување како и асфалтирање на паркинг просторот пред градинката.

За опремување на занималните, просториите и кујната во детската градинката, како и поставување на машинска опрема за греење и ладење на објектот, Министерството за труд и социјалана политика обезбеди средства во висина од 6 милиони денари.

Поздравувајќи ги присутните и посакувајќи им успешна работа на вработените, министерката Јагода Шахпаска истакна дека предучилишното образование претставува темел врз кој младата детска личноаст се гради во иден ученик во основно, средно училиште, во академски граѓанин. Затоа, ни е важно секое дете, истакна министерката.

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, за време на отворањето на градинката истакна дека локалната самоуправа е истрајна во намерата да им обезбеди на најмладите граѓани најдобри можни услови за раст и развој и да обезбеди среќно детство. Затоа, како што кажа тој, Општината одлучи сите свои расположливи средства да ги насочи кон решавање на проблемот со недостаток на капацитет на постојниот објект на детската градинка „Гоце Делчев“ во Илинден.

-Илинден е општина во раст, проширувањето на капацитетот на градинката е особено важно, бидејќи  предучилишните установи се клуч за дружење и социјализација на децата. Новиот објект на детската градинка во Миладиновци, ќе биде збогатен со детски насмевки и радост, а јас сум многу задоволен што бев на чело на тимот што го водеше овој проект. Верувам дека на овој простор сега му е дадена најдобрата можна намена и јас сум исклучително задоволен што го предавам на употреба на вработените во градинката, кои ќе се грижат за нашите најмлади сограѓани на професионален и одговорен начин, изјави градоначалникот Стојановски.

Градоначалникот Жика Стојановски искажа благодарност до министерката Шахпаска и Министерството за труд и социјална политика. Тој додаде дека и во наредниот период општина Илинден ќе продолжи со активности за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст.

- Капиталните инвестиции во  предучилишните установи за згрижување на деца од предучилишна возраст и образованието, се наша трајна определба во реализација на нашата визија, општина Илинден да биде економски силна и конкурентна општина, истакна градоначалникот Жика Стојановски.

Градинката е високо енергетски ефикасен објект во кој е инсталиран  систем за греење и ладење со топлински пумпи кој ги задоволува највисоките стандарди.

Објектот на новата градинка се простира на површина од 540 м2, располага со 4 занимални и има капацитет да згрижи 90 деца. Во насока на почитување на протоколите во овој период градинката ќе згрижува 75 деца.

Во три занимални ќе бидат згрижени  деца на возраст од 2 до 6 години додека во една занимална  ќе бидат згрижени најмалите дечиња на возраст од 9 месеци до 2 години што значи воведување на јасли.

Со новоизградената градинка  ќе се овозможи  ослободување на  просторни капацитети во постоечката детска градинка „Гоце Делчев“ во Илинден, која е со капацитет за згрижување  на 450 деца на возраст од 2 до 6 години, такашто се создадени услови за згрижување  на деца од јаслена возраст и во оваа градинка.

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013