„Дени Интернационал“ почна да гради нов логистички центар во општина Илинден

Објавено на: 02.07.2020 - 12:30

Во локалната економска зона Илинден на свечен начин беше поставен камен темелник на современ логистички центар, чиј инвеститор е „Дени Интернационал“, една од најголемите и најуспешни транспортно—логистички компании во земјата и регионот.

Логистичкиот центар ќе се простира на површина од близу 14 000 метри квадратни, на парцела од 70 000 метри квадратни, и според проценката на  инвеститорот инвестицијата ќе изнесува 4,5 милиони евра и ќе отвори нови 80-90 работни места.

Компанијата „Дени интернационал“ веќе низа години успешно стопанисува во општина Илинден задржувајќи го приматот на лидер на логистиката во нашата земја. Новиот објект ќе претставува центар на логистички услуги, обезбедување на транспорт, царинење на стоки од најразличен вид, до утовар, истовар, складирање, пакување, препакување, паркинг...

Оваа нова инвестиција покажува дека со несмалено темпо продолжува инвестицискиот цилус во општина Илинден која и натаму е една од најпривлечните инвеститорски дестинации во земјата и регионот. Благодарејќи на континуираното создавање услови за влез на нови инвестиции и проширување на постоечките капацитети, како и создавањето на поволна бизнис клима, општина Илинден останува во фокусот на домашните, но и на странските инвеститори.

Во стопанските комплекси и локалните економски зони од 2008 година до денес реализирани се вкупно 196 инвестиции, од кои 37 странски директни инвестиции (СДИ). Вака големиот број на инвестиции овозможија невработеноста во Општината која во 2008 година изнесуваше 38%, во континуитет да се намалува и денес да изнесува 3%.

Ова е дел од стратегијата на општина Илинден, којашто и понатаму останува максимално посветена на создавањето услови за отворање нови слободни работни места, во насока на подобрување на квалитетот на живеење во општината.

 

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013