Ќе се гради основно училиште во рамки на ОУ „Гоце Делчев“

Објавено на: 02.04.2021 - 17:52

По изградбата на новото средно училиште во населбата Илинден, ќе се гради и ново основно училиште. Градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, вели дека училиштето ќе се простира на површина од 2.400 квадратни метри, ќе биде енергетски-ефикасно и ќе биде дел од ОУ „Гоце Делчев“ во Илинден.

– Ќе биде потполно исто како и новото средно училиште во населбата Илинден, ќе има 12 училници и плус дополнително кабинети, а ќе има капацитет да прими 400 ученици во една смена. Во услови на пандемија одлучивме да градиме ново училиште во кое и учениците и наставниците ќе добијат подобри услови за одвивање на наставата. Со изградбата на новото училиште ќе се создадат услови, учениците да одат на настава само во прва смена – истакна Стојановски.

За изградба на училиштето од буџетот на Општина Илинден се издвоени 93 милиони денари.

– Ова би било второ училиште по средното, кое Општина Илинден го гради со сопствени средства. Освен тоа, можеме да се пофалиме и со изградба на две нови детски градинки, од кои едната во населбата Илинден и другата во населеното место Миладиновци, како и амбуланта во населеното место Миладиновци – вели Стојановски.

Изградбата на училиштето би започнале веднаш по завршувањето на тендерската постапката, летово, а се планира да финишираат до крајот на годината.

Превземено од Вечер

Остави коментар

Податоците од ова поле нема да бидат никаде јавно објавени.
  • Адресите на web страниците и e-mail адресите автоматски се претвораат во линкови.
  • Автоматско додавање на нов ред.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

Повеќе информации во врска со опциите за форматирање

Image CAPTCHA
Внесете ги карактерите прикажани на сликата.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013