Изградба на колекторски систем за фекална канализација во општина Илинден

Published on: 01.03.2021 - 17:48

Во рамките на реализацијата на капиталниот проект „Изградба на фекална канализација и пречистителни станици“ во општина Илинден, во тек е изградба на нов колекторски систем во должина од 5.000 метри, покрај Главниот отворен канал, кој што поминува низ средината на населените места Илинден и Марино, којшто ќе ги зафати отпадните фекални води коишто се испуштаат во одводниот канал.

Досега се изградени 1400 метри должина од колекторскиот систем, како и поствени се 36 шахти.

За реализација на Проектот за изградба на колекторскиот систем за фекална канализација се планирани 46 милиони денари, сопствени средства обезбедени од буџетот на општина Илинден

Паралелно со изградбата на колекторскиот систем ќе се отпочне и со изградба на пречистителна станица со капацитет од 2.500 еквивалент /жители.

Овие модуларни пречистителни станици коишто се применуваат во општина Илинден, имаат можност да се прошират и надградат во зависност од потребата и капацитетот на канализацискиот систем.

Колекторскиот систем заедно со пречистителната станица треба да биде завршен до септември 2021 година и на него ќе имаат можност да се приклучат околу 1.130 домаќинства.

Реализацијата на капиталниот проект „Изградба на фекална канализација со пречистителни станици“, е еден од приоритетите во стратешките цели на општина Илинден и претставува капитална инвестиција. Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од витално значење за унапредување и заштита на животната средина, подобрувањето на квалитетот на живеење, како и интензивирање на локалниот економски развој.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013