Словенечкиот амбасадор Милан Предан во работна посета на општина Илинден

Published on: 03.03.2021 - 15:48

Во работна посета на општина Илинден престојуваше словенечкиот амбасадор Милан Предан. Тој се сретна со градоначалникот Жика Стојановски, а беше реализирана и посета на локалните економски зони, како и на Средното општинско стручно училиште „Илинден“.

На средбата градоначалникот Стојановски го запозна амбасадорот Предан со капацитетите и можностите за инвестирање во повеќе области во општина Илинден, како и со реализацијата на капиталните проекти во делот на комуналната и патната инфраструктура, образованието, детската заштита, културата и заштитата на животната средина. Притоа, се разменија и позитивни искуства применети во општини во Република Словенија, за подготовка, аплицирање и реализација на проекти со користење на средства од ИПА фондовите на Европската унија.

Градоначалникот Жика Стојановски ја искористи можноста на гостинот од Словенија да му врачи примерок од ексклузивното издание на монографијата на општина Илинден, со цел амбасадорот подобро да се запознае со историјата и можностите што ги нуди Општината.

Посетата на амбасадорот Милан Предан е резултат на досегашната долгогодишна успешна и плодна соработка на општина Илинден и претставниците на словенечката амбасада во нашата земја, и воопшто соработката со Република Словенија. Плод на оваа соработка е и изградбата на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ во 2012 година, кое чинеше 1,8 милиони евра, каде свој удел имаше и Република Словенија со грант средства во износ од 500 илјади евра, проект што се реализираше преку билатерална соработка со нашата влада.

Токму затоа, во рамките на престојот во општина Илинден беше посетено средното општинско училиште „Илинден“ при што амбасадорот од својот домаќин беше запознаен со одвивањето на образовниот процес во училиштето, во кое учениците имаат можност да се образуваат во повеќе најсовремено опремени кабинети  за струките електротехничар за електроника и телекомуникација и електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

Беше посетена и локалната економска зона Марино-Кадино каде што во рамките на традиционална еколошка акција за почист воздух „Со зеленило против загадувањето“ градоначалникот Стојановски и амбасадорот Предан засадија повеќе садници.

Post new comment

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
  • Web page addresses and e-mail addresses turn into links automatically.
  • Lines and paragraphs break automatically.
  • You may use [swf file="song.mp3"] to display Flash files inline

More information about formatting options

Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013