Настани

29.04.2021 |

Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение” по 15-ти пат во општина Илинден

Општина Илинден ја реализираше традиционалната 15-та по ред   манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение”, со која се обезбедени 1000 нови книги за библиотеките во општина Илинден. Поради вонредната состојба со пандемијата со корона вирусот годинешната манифестација имаше сосема нов лик, изостана традиционалниот настан во Домот на култура „Илинден“, но затоа голем број на стопанственици, писатели, граѓани... со цел да ја продолжат традицијата како долгогодишни учесници во оваа манифестација подарија книги од повеќе реномирани домашни и светски автори. Манифестацијата се одвиваше според сите протоколи за заштита и поради пандемијата ќе трае повеќе денови.

03.03.2021 |

Словенечкиот амбасадор Милан Предан во работна посета на општина Илинден

Во работна посета на општина Илинден престојуваше словенечкиот амбасадор Милан Предан. Тој се сретна со градоначалникот Жика Стојановски, а беше реализирана и посета на локалните економски зони, како и на Средното општинско стручно училиште „Илинден“.

01.03.2021 |

Изградба на колекторски систем за фекална канализација во општина Илинден

Во рамките на реализацијата на капиталниот проект „Изградба на фекална канализација и пречистителни станици“ во општина Илинден, во тек е изградба на нов колекторски систем во должина од 5.000 метри, покрај Главниот отворен канал, кој што поминува низ средината на населените места Илинден и Марино, којшто ќе ги зафати отпадните фекални води коишто се испуштаат во одводниот канал.

05.12.2020 |

Пуштена во употреба новата детска градинка во Миладиновци

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ја пуштија во употреба новоизградената детска градинка во населено место Миладиновци, која е клон на ЈОУДГ „Гоце Делчев”.

02.07.2020 |

„Дени Интернационал“ почна да гради нов логистички центар во општина Илинден

Во локалната економска зона Илинден на свечен начин беше поставен камен темелник на современ логистички центар, чиј инвеститор е „Дени Интернационал“, една од најголемите и најуспешни транспортно—логистички компании во земјата и регионот.

29.05.2020 |

Континуирано чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали

Во рамките на реализацијата на Проектот за чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали во општина Илинден, во тек е чистење на сисавец на секундарен канал Топлик, во локалната економска зона Ограѓа, во должина од 1500 метри.

29.05.2020 |

Пролетна дератизација и дезинфекција

Реализирајќи ја Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2020 година,  извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територијата на Општината.

30.04.2020 |

Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Илинден - прв квартал 2020 година

Во рамките на својата транспарентност и отчетност за финансиското работење го презентираме Кварталниот   извештај   за   извршување   на   буџетот   на   Општина Илинден за период од 01.01 до 31.03.2020 година.

24.04.2020 |

УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ ЗА ВОДА И ЗА СМЕТ

Почитувани!

Ве известуваме дека преку електронско банкарство во Вашите матични банки, сметките за вода и сметките за смет можете да ги платите електронски на следниот начин:

28.02.2020 |

Успешна крводарителска акција - 50 крводарители ја даруваа драгоцената течност

Во организација на Црвениот крст на Македонија и Општина Илинден, во домот на култура „Илинден“ успешно се реализираше традиционалната крводарителска акција што секоја година се одржува во месец февруари. Преку дарувањето на драгоцената течност својата хуманост и солидарност ја покажаа 50 крводарители од Општината.

Find Us On...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Теми во фокусот на вниманието

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013