Добредојдовте!

Фудбал - Спортски викенд „Илинден 2019“

Во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2019“  ќе се одигра ревијален фудбалски натпревар меѓу екипите на новиот второлигаш Кадино и Пелистер од Битола.

Велосипедска трка „Трофеј Илинден 2019“

Професионалната велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2019”, која што е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација и се бодува за купот на нашата земја, е централен настан на Спортскиот викенд „Илинден 2019“.

Турнир во шах - Спортски викенд „Илинден 2019“

На 27 јули од 10:00 до 14:00 часот, со учество на 40 шахисти кои ќе играат на 20 табли, во просториите на Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи традиционалниот шаховски турнир.

26.07.2019 - 14:08 | Галерии

Отворена изложба на Снежана Колевска по повод Денот на Општина Илинден

Како дел од одбележувањето на Денот на Општината, „Илинден 2-ри Август“, во Домот на култура „Илинден“ беше отворена изложба на слики на Снежана Колевска. Изложбата ја отвори академскиот сликар Новица Трајковски, а со пригодни зборови за ...
26.07.2019 |

Спортски викенд „Илинден 2019“

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, на 27 јули (сабота) и 28 јули (недела) 2019 година, ќе се одржи Спортски викенд „Илинден 2019“.

25.07.2019 |

Отпечатен и дистрибуиран до домаќинствата општински информатор „Илинден“ број 65-66

Отпечатен е новиот општинскиот информатор „Илинден“ број 65-66, во кој можете да најдете повеќе информации за активностите во Општина Илинден. Информаторот е дистрибуиран до сите домаќинства во Општината.

24.07.2019 |

По повод Денот на Општината 45 крводарители ја даруваа драгоцената течност

Во традиционалната крводарителска акција по повод одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“, 45 крводарители ја даруваа драгоцената течност што живот значи. И со оваа крводарителска акција што се оджа во Домот на култура „Илинден“, жителите на Општина Илинден уште еднаш ја покажаа хуманоста и солидарноста на дело преку дарувањето на крв да спасат нечиј живот.

24.07.2019 |

ПОКАНА за одбележување на патрониот празник „Илинден 2-ри Август“

По повод националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“,  Ве покануваме на пригодна свеченост на ден 28.07.2019 година (недела) со почеток во 20:30 часот, во амфитеатарот на паркот „Галерија на отворено“, пред Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден.

Известување - терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 25.07.2019 год. (четврток ) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши  терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција)  за уништување на возрасни форми на комарци.

Изложба на Снежана Колевска, во Домот на култура „Илинден“

На 26.07.2019 година (петок) со почеток во 12:00 часот, во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена изложба на слики на Снежана Колевска.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013