Добредојдовте!

04.09.2019 |

Во училишните клупи седнаа 2000 ученици

Во Општина Илинден отпочна новата учебна година за учениците од основните училишта, средното општинско стручно училиште и детската градинка. Во училишните клупи седнаа 2000 ученици, а меѓу нив најрадосни беа 155 првачиња. Наставата почна и за 255 средношколци, додека детската градинка згрижи 435 дечиња.

Известување за прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 05.09.2019 год. (четврток ) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши  терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција)  за уништување на возрасни форми на комарци.

02.09.2019 - 10:21 | Галерии

Со концерт на КУД „Дрежник“ од Хрватска, продолжува успешната соработка меѓу збратимените општини Илинден и Решетари

Во Домот на култура „Илинден“ љубителите на фолклорот имаа можност да уживаат во настапот на Културно уметничкото друштво „Дрежник“ од Општина Решетари, Хрватска. Гостите од Хрватска на најдобар можен начин низ песни и игри ги пренесоа ...

Концерт на КУД „Дрежник“ од Решетари во Домот на култура „Илинден“

На 30.08.2019 година (петок), со почеток во 19:00 часот во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи  концерт на Културно уметничкото друштво „Дрежник“ од Решетари, Хрватска.

29.08.2019 |

Предаден во употреба нов производствен капацитет на австриската компанија „Текспорт“

Во локалната економска зона Марино-Кадино, во присуство на голем број деловни партнери и гости, на свечен начин беше предаден во употреба нов производствен капацитет на австриската компанија за производство на заштитна и работна облека  „Текспорт“, која важи за производител со највисок и најиновативен квалитет на противпожарна облека во светот.

27.08.2019 |

Изградба на фекална канализација

Во населба Илинден во тек е изградба на канализациски систем  на улицата „13“  и дел од улица „19“ во должина од 600 метри, припадна површина 7. Со изградбатa на овоj канализациски систем во рамките на кој се изградени 3 препумпни уреди и инсталирани 14 шахти се овозможува приклучување на приближно 60 домаќинства.

Австриската компанија „Текспорт“ отвора производствен погон во Општина Илинден

На 29.08.2019 година (четврток) со почеток во 14:30 часот во локалната економска зона Марино-Кадино, на свечен начин ќе биде предаден во употреба новиот производствен погон на австриската компанија „Текспорт“.

20.08.2019 - 18:35 | Галерии

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“

Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во присуство на повеќемина љубители на уметноста отворена е меѓународна изложба на слики што се реализира во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“.

Изложба на „Уметничка меѓународна група со пријателите“ во Домот на култура „Илинден

На 20.08.2019 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во Домот на култура „Илинден“ ќе биде отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“.

29.07.2019 - 17:09 | Галерии

Со настап на групата Некст Тајм Општина Илинден го одбележа патрониот празник "Илинден 2-ри Август“

Со прекрасен концерт на групата „Некст Тајм“ Општина Илинден на свечен начин го одбележа патрониот празник „Илинден 2-ри Август““ и националниот празник на македонскиот народ. Централната манифестација од одбележувањето на Денот на Општината се ...

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013