Добредојдовте!

28.10.2019 |

Изградба на детска градинка во н.м. Миладиновци

Согласно активностите за реализација на проектот за изградба на детска градинка во населено место Миладиновци, во тек е постапка за избор на фирма - изведувач на градежните активности. По потпишувањето на договорот со избраната фирма ќе се почне со изградбата на објектот, што се планира да биде завршен во текот на наредната година.

28.10.2019 |

Објава за 3 градежни парцели во новата населба Јака

Општина Илинден објави продажба на три парцели за изградба на станбени куќи по пат на електронско јавно наддавање во новата населба „Јака“.

22.10.2019 - 13:01 | Галерии

Одбележан Денот на македонската револуционерна борба - букети цвеќе пред споменикот на војводата Васил Аџаларски

  Денот на македонската револуционерна борба во Општина Илинден традиционално беше одбележан со положување свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци.
18.10.2019 |

Златна награда и признание „GLOBALLOCAL“ 2019 за Општина Илинден

Златна награда и признание „GLOBALLOCAL“ за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа за 2019 година во категоријата најдобри локални заедници во 2019 година и беше доделена на Општина Илинден.

09.10.2019 |

Стојановски: Скоро и да нема невработен човек во Илинден, невработеноста намалена од 38 на 3 отсто

Жика Стојановски го одработува четвртиот мандат како прв човек на општина Илинден. Може да се пофали со многу капитални објекти и инвестиции како домашни така и странски. Невработеноста во општината додека е тој на чело е намалане од 38 на 3 отсто. За 24 инфо вели дека работата како градоначалник бара многу самооткажувања, така што многу тешко може да се раздели приватниот живот од работата.

30.09.2019 |

Донесен ребалансот на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година

Советот на општина Илинден на својата 27 седница ги изгласа и усвои измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 46 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16, бр. 16316 и бр.64/18,) Градоначалникот на Општина Илинден го дава следното  

17.09.2019 |

Предлог измени и дополнување на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година

Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Илинден за 2019 година се предлагаат поради потребата од дополнување на Буџетот со  нови средства за реализација на проекти за изградба на патишта, тротоари и фекална канализација преку аплицирање со проекти во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и грант од Светска банка, за успешна реализација на проектот за изградба на патот Кадино – Клучка Автопат А4.

Соопштение за организирање на Јавна анкета и Јавна презентација

Соопштение за организирање на Јавна анкета и Јавна презентација за АУП за формирање на градежна парцела на дел од КП 1807/7 КО Илинден вгр, Општина Илинден, со тех. број 009/03/18 од април 2019 година, изработен од ТАЈФА- ПЛАН ДОО Скопје

Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Илинден за период од 01.01 до 30.06.2019 година

Во рамките на својата транспарентност и отчетност за финансиското работење го презентираме Кварталниот   извештај   за   извршување   на   буџетот   на   Општина Илинден за период од 01.01 до 30.06.2019 година. Извештајот беше усвоен од страна на Советот на Општина Илинден на неговата 26 редовна седница.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013