Добредојдовте!

24.04.2020 |

УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКИ ЗА ВОДА И ЗА СМЕТ

Почитувани!

Ве известуваме дека преку електронско банкарство во Вашите матични банки, сметките за вода и сметките за смет можете да ги платите електронски на следниот начин:

16.04.2020 |

Манифестација: „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“

Манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение“, којашто Општина Илинден ја негува веќе 14-та година во континуитет, поради вонредната состојба на пандемијата со корона вирусот, годинава ќе добие сосема нов лик. Во духот на оваа оригинална  и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски во соработка со книгоиздателската куќа „Матица Македонска“, на Општинската библиотека „Илинден“ и подарија 1000 книги од познати реномирани домашни и светски писатели, и лектирни изданија.

Заклучоци, мерки и препораки на Општински кризен штаб - Илинден

Во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење и спречување на внесување на Коронавирусот COVID-19, при состојба на Пандемија, состојба на ширење на заразна болест, и согласно донесените Одлуки на Владата за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, како и следење на тековите во локалната економија, Општинскиот кризен штаб - Илинден ги донесе следниве  препораки, мерки и решенија:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат корисниците на ЈКП “Водовод“ н.Илинден дека поради дефект на примарна водоводна линија во н.м. Кадино без вода за пиење ќе останат граѓаните од улица “10“, улица “2“, улица “4“ и улица “6“ во н.м. Кадино како и дел од корисниците во н.м. Мралино. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршувањето на санацијата на дефектот.

19.03.2020 |

Препораки и мерки

Во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење и спречување на внесување на Коронавирусот COVID-19, при состојба на Пандемија, состојба на ширење на заразна болест, и согласно донесените Одлуки на Владата за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, како и следење на тековите во локалната економија, Градоначалникот на Општина Илинден ги донесе следниве  препораки, мерки и решенија:

16.03.2020 |

Информации, заклучоци и препораки во врска со превенција од Корона вирусот

Почитувани, Во прилог Ве информираме со усвоените заклучоци, мерки и препораки за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), од страна на Владата и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство:

28.02.2020 |

Успешна крводарителска акција - 50 крводарители ја даруваа драгоцената течност

Во организација на Црвениот крст на Македонија и Општина Илинден, во домот на култура „Илинден“ успешно се реализираше традиционалната крводарителска акција што секоја година се одржува во месец февруари. Преку дарувањето на драгоцената течност својата хуманост и солидарност ја покажаа 50 крводарители од Општината.

Крводарителска акција во домот на култура „Илинден“

На 28.02.2020 година (петок) Општина Илинден во соработка со Црвениот крст на Македонија организира крводарителска акција, која што во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден.

14.02.2020 - 14:21 | Галерии

Се одржа седмиот по ред „Саем на домашно вино“

Во присуство на голем број граѓани, во населеното место Ајватовци, по седми пат се одржа традиционалниот „Саем на домашно вино“. Во изборот на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин, учествуваа дванаесетмина винопроизводители од ...

„Саем на домашно вино“ во Општина Илинден

На 14 февруари, со почеток во 9:00 часот во населеното место Ајватовци, во Општина Илинден по седми пат ќе се одржи традиционалниот „Саем на домашно вино“. На овој своевиден вински фестивал на којшто ќе учествуваат повеќемина винопроизводители од Општина Илинден ќе биде извршен избор на најдобро домашно приготвено вино на традиционален начин. Изборот ќе го извршат членовите на „Вински витези“ од Македонија - здружение кое што се грижи за промоција на македонското вино и на македонската култура.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013