Добредојдовте!

29.04.2021 |

Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение” по 15-ти пат во општина Илинден

Општина Илинден ја реализираше традиционалната 15-та по ред   манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение”, со која се обезбедени 1000 нови книги за библиотеките во општина Илинден. Поради вонредната состојба со пандемијата со корона вирусот годинешната манифестација имаше сосема нов лик, изостана традиционалниот настан во Домот на култура „Илинден“, но затоа голем број на стопанственици, писатели, граѓани... со цел да ја продолжат традицијата како долгогодишни учесници во оваа манифестација подарија книги од повеќе реномирани домашни и светски автори. Манифестацијата се одвиваше според сите протоколи за заштита и поради пандемијата ќе трае повеќе денови.

Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение” во општина Илинден

Општина Илинден ќе ја реализира 15-та по ред јубилејна традиционална манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение”. Оваа оригинална и единствена од ваков вид манифестација којашто истовремено ги обединува културата, уметноста и традицијата секоја година се одржува на Велик четврток, во пресрет на големиот христијански празник Велигден, при што секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат добива црвено Велигденско јајце.

02.04.2021 |

Ќе се гради основно училиште во рамки на ОУ „Гоце Делчев“

По изградбата на новото средно училиште во населбата Илинден, ќе се гради и ново основно училиште. Градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, вели дека училиштето ќе се простира на површина од 2.400 квадратни метри, ќе биде енергетски-ефикасно и ќе биде дел од ОУ „Гоце Делчев“ во Илинден.

03.03.2021 |

Словенечкиот амбасадор Милан Предан во работна посета на општина Илинден

Во работна посета на општина Илинден престојуваше словенечкиот амбасадор Милан Предан. Тој се сретна со градоначалникот Жика Стојановски, а беше реализирана и посета на локалните економски зони, како и на Средното општинско стручно училиште „Илинден“.

01.03.2021 |

Изградба на колекторски систем за фекална канализација во општина Илинден

Во рамките на реализацијата на капиталниот проект „Изградба на фекална канализација и пречистителни станици“ во општина Илинден, во тек е изградба на нов колекторски систем во должина од 5.000 метри, покрај Главниот отворен канал, кој што поминува низ средината на населените места Илинден и Марино, којшто ќе ги зафати отпадните фекални води коишто се испуштаат во одводниот канал.

09.02.2021 |

Отчет на Градоначалникот Жика Стојановски за работењето на Општина Илинден во 2020 година

Почитувани сограѓани, Доследно на претходните години, ви го презентираме извештајот за работењето на општина Илинден за 2020 година. 

Заклучоци , мерки и препораки на Општински кризен штаб – Илинден

Во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење и спречување на внесување на Коронавирусот COVID-19, при состојба на Пандемија, состојба на ширење на заразна болест, и согласно донесените Одлуки на Владата за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, како и следење на тековите во локалната економија, Општинскиот кризен штаб-Илинден ги донесе следниве заклучоци, мерки и препораки:

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

Врз основа член 22 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на Р.М.бр.5/02),а во врска со член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на Р.М.бр.199/14, бр.44/15, бр.193/15, бр.217/15, бр.31/16 и бр.163/16,) Градоначалникот на Oпштина Илинден го дава следното ...  

05.12.2020 |

Пуштена во употреба новата детска градинка во Миладиновци

Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ја пуштија во употреба новоизградената детска градинка во населено место Миладиновци, која е клон на ЈОУДГ „Гоце Делчев”.

17.07.2020 |

Барање за Поднесување понуди за набавка-Проект „Реконструкција на пристапен пат-улица 532“

Почитувани, во прилог се наоѓа барањето за Поднесување понуди за набавка- Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во избрани општини согласно изработени основни проекти Дел 1, Дел 2, Дел 3, Дел 4 и Дел 5, број БЗП Број: LRCP-9034-MK-RFB-A.2.1.1.

Следете не на...

Find Општина Илинден on TwitterFind Општина Илинден on FacebookFind Општина Илинден on YouTube

пребарување

Видео

„Најдобриот работник“ во Општина Илинден
ilinden.gov.mk © 2013